ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОВЕТОДАВНОТО ТЕЛО
                            
                                Советодавното тело работи во рамките на Здружението на судии на Република Северна Македонија (ЗСРсМ) и се состои од претседател и 6 членови. По потреба, на состаноците на СТ може да се повикаат да учествуваат и претставници од други институции кои не се членови на СТ.
                            
                            
                                - СТ се состанува по потреба во зависност од добиените барања за советодавно мислење.
 
                                - Состанок се одржува доколку има кворум.
 
                                - Милењата ги носи со јавно гласање „за“ или „против“. Мислењето се смета за донесено ако повеќе од половина од членовите гласале “за”.
 
                            
                            
                                Местото на одржување на состанокот е во просториите на Здружението на судиите на Република Северна Македонија,Судска палата,бул. Крсте Мисирков б.1 1000 Скопје.